петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Поранешната на Дарко Лазиќ живее живот од соништата – новиот сопруг и гради внатрешен базен во домот, но овој детаљ го нема ниту Цеца и Брена

Поранешната на Дарко Лазиќ живее живот од соништата – новиот сопруг и гради внатрешен базен во домот, но овој детаљ го нема ниту Цеца и Брена

Поранешната пејачка Ана Севиќ како и поранешна сопруга на Дарко Лазиќ повторно е на прагот на деветтиот месец од бременоста, но тоа не ја спречува да биде активна во својот луксузен дом во кој живее со сопругот Даниел.

Детали од својот живот таа често дели со следбениците на Инстаграм, а истото се случи и овој пат.

Имено таа на следбениците им откри дека во моментов се гради базен во нивниот дом во Белград.

-Ана од секогаш сакала да има сопствен спа центар дома, а ова е добар чекор кон тоа. Кога таа изрази желба да направат базен, а потоа и сауна, Даниел се сложи во тоа за да и ја исполни секоја нејзина желба. Ана е таа што ги води пресметките за истиот и како ќе изгледа на крајот, вели добро упатен извор за српските медиуми.

Инаку во овој луксузен дом живее таа со двете ќерки, а на пат е и третото дете, едно од нив е и ќерката Лорена која ја доби во бракот со пејачот Дарко Лазиќ.

Најнови вести