понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ПОРАНЕШНАТА НА ЖИЛА СО МОРНИЧАВИ ДЕТАЛИ ОД ВРСКАТА – неговото обезбедување ме спакува и ме избрка, а кога му се јави мајка ми имаше што да му порача! (ВИДЕО)

ПОРАНЕШНАТА НА ЖИЛА СО МОРНИЧАВИ ДЕТАЛИ ОД ВРСКАТА – неговото обезбедување ме спакува и ме избрка, а кога му се јави мајка ми имаше што да му порача! (ВИДЕО)

Ладнокрвното убиство кое се случи пред два дена во Старата чаршија во Скопје се уште ја бранува јавноста, особено по вчерашната вест дека еден од убиените бил во минатото во врска со риалити учесничката и танчарка Александра Николиќ.

Како што вчера открија српските медиуми, Јетон Кривањева викан Жила бил во година и половина во врска со Николиќ.

Доказ за нивната турбулентна и насилна врска е и видео исповеста која таа ја дала неодамна за српските медиуми во која раскажува како навистина изгледал нејзиниот живот со него во Скопје.

Таа во видеото вели дека целиот живот била опткружена со опасни момци.

„Тој мој поранешен се занимава со криминал, јас се заљубив во него каков што е и барав нешто добро во него. Но, просто тој имаше проблем со алкохолот, мајка ми му се јави додека бев во „Задруга“ и сешто му кажа“, раскажува таа.

Нејзината мајка раскажува дека кога го побарала прво се јавило неговото обезбедување, а потоа едвај го добил него за да разговараат.

-Кажете му дека има само пет минути да ми се јави инаку ќе има големи проблеми, бидејќи моето дете не е мачка, ниту куче, туку мое дете, раскажуваа мајката на Николиќ.

Александра додава дека добила ќутек од него и дека утредента неговото обезбедување ја избркало за Белград.

Нејзината мајка вели и дека се надева уште еднаш нема да запознае таков човек со таков карактер.

Најнови вести