Поранешната пејачка на групата „Луна“, Маја Марковиќ во текот на 2000-тите се повлече од сцената и покрај нејзината популарност.
Таа сега се појави во една емисија и воодушеви со својот изглед, но и гласот кој е нејзин заштитен знак.
Како што истакна никогаш не престанала да пее.
-Само не се појавував во јавност бидејќи мислам дека немав доволно добра причина. Денес тоа не е така, но јас мислев дека така треба. Со сопругот од 2010 пејам на прекуокеански бродови, тој е мој приватен пијанист, изјави Маја која некогаш беше во групата „Луна“.
-Пред пандемијата, од три до шест месеци бевме на крузерите и го исполнив сонот да го прошетам светот.
Таа вели дека за нејзината кариера тоа е многу важно искуство.
-Јас имав невобичен пат. Од почетокот се најдов на голема сцена, на концерти. Затоа одлучив да се пробам и на мала сцена, да пеам за оние кои не можеа да дојдат да ме слушнат. Се сеќавам дека во текот на 90тите ме прашаа која ми е најголема желба, а јас им одговорив: да одмарам и патувам шест месеци. И ете ми се исполни желбата. Бев секаде во светот благодарение на работата која ја сакам, изјави Маја за К1 телевизија.