Мекензи Скот, поранешната сопруга на Џеф Безос, соопшти дека донирала речиси 1,7 милијарди долари за добротворни цели во повеќе од 100 здруженија.
Откако минатата година се развела од Безос, основачот на „Амазон“, не ѝ било лесно, напишала Мекензи во подолг статус на социјалната мрежа. Таа побарала помош од група советници поврзани со непрофитни организации кои се занимаваат со човекови права, заштита на животната средина и социјални прашања.
Following up on the commitment I made last year to give away the majority of my wealth in my lifetime: https://t.co/Ocb8eU5UR1. (Note my Medium account is under my new last name — changed back to middle name I grew up with, after my grandfather Scott.)
— MacKenzie Scott (@mackenziebezos) July 28, 2020
„Нема сомнение дека секој финансискиот успех е резултат на групна работа и социјални структури кои обезбедуваат можности за некои и пречки за други“, напиша Скот.
„Како и многумина, бев сведок на првата половина на 2020 година со ужас во очите и скршено срце. Животот никогаш нема да престане да наоѓа нови начини за покажување нееднаквост во општеството“, напиша таа.
„Хафпост“ пишува дека Скот донирала над 586 милиони долари на здруженија кои се занимаваат со иницијативи за расна еднаквост, 46 милиони долари на здруженија на ЛГБТК-здруженија, 133 милиони долари на здруженија кои се занимават со родова еднаквост и 125 милиони долари за решавање на климатските промени.
Нејзиниот поранешен сопруг сè уште не донирал толку многу пари, но најави дека ќе донира неколку милијарди оваа година.