понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Поранешниот и сегашниот сопруг на Гоца Тржан завршија на суд

Поранешниот и сегашниот сопруг на Гоца Тржан завршија на суд

Поранешниот сопруг на пејачката Гоца Тржан и учесникот во „Парови“, Иван Маринковиќ неколкупати го прозваше сегашниот сопруг на Гоца, тапанарот Рашо Новаковиќ.

Рашо реши да застане на патот на понатамошните прозивки и одлучи да покрене тужба против Иван, пренесува српски Курир. Новаковиќ против маринковиќ поднесе тужба поради повреда на угледот и честа бидејќи го навредуваше на национална телевизија и изнесуваше невистини за него.

Тие го имаа првото рочиште и на суд се појави само адвокатот на тапанарот каде ги предаде доказите. Постапката ќе продолжи со сослушување на кое наскоро ќе биде повикан Иван.

-Рашо не е некој што се препира и не сака преку медиумите да го оговара Маринковиќ. Реши да го тужи Иван и на време да му ја затвори устата.

Во текот на двете сезони на „Парови“ Иван упати бројни навреди на сметка на Новаковиќ. Многумина го осудија, бидејќи баш тој Рашо му ја чува ќерката Лена, која ја доби од бракот со пејачкатa.

-Тој е дете за мене, како и многуте Индијанци тука, тој не знае два збора да каже. Зошто да не зборувам, што ми е тој? Живее со мојата ќерка, бидејќи нема своја, што да му правам, кажа Иван, а потоа „удри“ таму каде најмногу боли:

-Со својата ќерка одамна разговарав на тема таа и Рашо. Немам комплекс, но тој сега живее со неа. Тој не може да има деца. Ништо не плаќа, живее во стан кој јас го платив. Мислам дека е потрчко на Гоца. Не постои некаква манифестација, а јас не го гледам со неа. Кога и да доаѓа Лена кај мене, тој секогаш беше во автомобилот, што е потполно непотребно, изјави Мaринковиќ во шоуто.

Најнови вести