Пејачката Александра Младеновиќ преживува вистинска драма откако нејзиното поранешно момче излезе од затвор.
Имено поранешното нејзино момче по име Стефан и се заканувал со убиство и самоубиство бидејќи таа го оставила.
Тој дошол и трескал по нејзината врата, поради што таа го пријавила во полиција, а откако му е изречена мерка забрана за пристап, тој повторно дошол на нејзината врата, пренесуваат српските медиуми.
По ова, тој сега се огласи на Инстаграм велејќи дека новинарите пишувале лаги.
По овој натпис тој објави и нивна фотографија настаната на 12 септември, нарекувајќи ја пејачката негова сопруга.