недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Поранешниот сопруг добил близнаци со колешка која е помлада од нивната внука, ОВАА постапка на Снежана Савиќ и денеска се прераскажува

Поранешниот сопруг добил близнаци со колешка која е помлада од нивната внука, ОВАА постапка на Снежана Савиќ и денеска се прераскажува

Актерката Снежана Савиќ, која ја красеше неверојатна убавина и сексипилност, се омажи само еднаш. Од бракот со режисерот Драгослав Лазиќ (86) ја доби ќерката Анита (42), а поранешните сопружници останаа во одлични односи поради неа, а подоцна и за нивната внука.

И додека Снежана со години ужива во врската со својот партнер чие име не сака да го открие во јавноста, бурен љубовен живот по разводот имаше нејзиниот поранешен сопруг.

Имено, Драгослав повторно се оженил за 32 години помладата актерка Драгана Туркаљ.

Овој необичен пар пред 10 години, по многу долга борба за потомство, доби близнаци – Искрна и Лазар, а режисерот повторно ја исполни својата улога на татко на 76 години.

-Со мојот сопруг, исклучително карактерен и силен човек, сфатив дека ништо не е срамно. Пораснав со него со оглед на тоа што го запознав на 26 години. Бидејќи по природен пат не успеавме да станеме родители, по безброј обиди започнавме со акцијата на ин витро оплодување. Бидејќи обидите беа залудни, полека запаѓав се подлабоко и подлабоко во очај,  изјави своевремено Драгана Туркаљ за тамошните медиуми.

Таа нагласи дека поминува низ голема битка со себе, паѓајќи во очај, бидејќи мислела дека никогаш нема да ја добие својата улога на мајка.

-Често се прашував зошто сум казнета и што направив за да заслужам сето ова да ми се случи. Покрај тоа страдање, брзо ги изгубив и двајцата родители, што беше дополнителна болка што ги продлабочи моите страдања. Во моментите кога мислев дека обидот да се роди дете преку вештачко оплодување повеќе нема смисла, Драгослав инсистираше да продолжиме и да не се откажуваме. Секој неуспех боли, а мојот сопруг беше сведок на моите маки, изјави Драгана.

Снежана еднаш истакна дека има многу добри односи со поранешниот сопруг и неговото ново семејство и дека близнаците ги гледа на родендените на Анита и нејзината внука.

Од самиот почеток никогаш не се мешала во нивната врска, згора на тоа им била потпора, особено кога се бореле за потомство.

Во медиумите тогаш, но и до ден денес се раскажува за тоа како Снежана им била голема поддршка на поранешниот сопруг и неговата нова избраничка.

По пропаѓањето на нејзиниот прв брак, таа заплови во мирно пристаниште покрај партнерот со кој досега не се појавила јавно, сакајќи максимално да ја зачува својата приватност. А не ни помислува повторно да застане пред матичар.

-Тој е еден од оние кои не се женат, а ни јас не би се омажила. Имам организиран живот, никому не одговарам, а во брак би било: „Каде отиде, кога дојде“,  заклучила актерката.

Најнови вести