Кон крајот на 2019 година, младата и шармантна актерка од Македонскиот народен театар, Нина Деан, откри дека во животот и се случило чудо од кое чувствува неизмерна среќа.
Таа за домашните медиуми откри дека чека дете заедно со нејзината прва љубов, Мартин.
-Никогаш не било вака и сигурна сум дека Мартин се појави за да го исцртаме и затвориме кругот. Не се двоиме, се смеееме, се сакаме, едноставно знаеме дека сме еден за друг и тука нема некоја философија. Среќата не одбра нас а и ние неа. Бебето само е потврда дека нештата се таму каде што им е местото, вели Нина за „7 дена.мк“.
Актерката се уште не го откри полот на бебето, но пред некој период позираше со голо трудничко стомаче.
Меѓутоа, деновиве Нина повторно позираше со големото трудничко стомаче како го милува со рацете, а оваа фотографија ја сподели во кратките приказни „Инстаграм“.