„Новопечените“ младенци кои неодамна се венчаа во Бразил – Лаис Рибеиро и Жоаким Ноа, уживаат на плажа во Рио де Жанеиро.
Фотографиите се прекрасни поради тоа што одново нè убедуваат во љубовта која ги спојува Лаис и Жоаким, но исто така ја прикажуваат и убавината на популарната манекенка која во живо исто така фантастично изгледа.
Ангелот на „Викторија сикрет“ важи за една од најзгодните жени во светот и пример е за женската убавина која инаку има милион верзии.
Лаис Рибеиро (31) и претходно сме ја гледале на плажите во нејзиниот роден Бразил, а ова е првпат како е забележана со кошаркарот по нивната бајковита венчавка на која присуствувале и нејзините колешки Кендис Свонпул и Сара Сампаио.
Сопругот на прекрасната Бразилка кој има американски, француски и шведски корени, изгледа како Аполон.
Познатиот пар е во врска од 2018 година, а се вљубиле на прв поглед, сфаќајќи дека се сродни души.
Лаис пред тоа со години била меѓу најуспешните манекенки во светот, а истото е и денес. Од 2015 година таа е ангел на „Викторија сикрет“, а во 2017 година на годишната ревија на популарниот бренд го носела најскапиот градник на светот.
Во светот на манекенството запловила по убедување на пријателка и тоа ѝ го сменило животот. Лаис пораснала во сиромаштија, а работата како светски модел ја спасила од финансиските проблеми. Не само нејзе туку и нејзиното семејство.
Лаис има 14-годишен син којшто го родила додека била средношколка.