четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„Порнографијата ми го уништи семејството“ – Вест напиша, па избриша шокантни зборови за семејството Кардашијан

„Порнографијата ми го уништи семејството“ – Вест напиша, па избриша шокантни зборови за семејството Кардашијан

Познатиот рапер Канје Вест повторно проговори за проблемите со старателството кои го има со поранешната сопруга Ким Кардашијан и ги објави нивните СМС пораки на својот Инстаграм профил. Во нив, таа бара од него да престане да се однесува како што се однесува.

Тој, исто така, призна дека зависноста од порнографија го уништила неговото семејство и дека Ким може да носи одлуки за образованието на нивните деца бидејќи е „полубела“.

Фотографиите од нивните СМС пораки, кои во меѓувреме се избришани, покажаа дека Канје се противи на изборот на Ким за училиште за нивните четири деца. Децата посетуваат приватна предучилишна установа во Лос Анџелес, а раперот очигледно би сакал тие да одат во училиштето што тој го основал – Донда Академија.

Потоа ги поздрави сестрите Кардашијан, а се осврна и на другите сегашни и поранешни партнери на познатите сестри – Тристан Томпсон, Скот Дисик и Тревис Скот, кои ги нарече „донатори на сперма“, додавајќи им „во ова сме заедно“.

„Холивуд е голем бордел, порнографијата ми го уништи семејството“ – напишал раперот, а потоа брзо избришал се.

Во објавените СМС пораки кои ги разменувал со поранешната сопруга ја спомнал и Крис Џенер која ја изгради кариерата на нејзината ќерка, а Канје ја смета за манипулатор.

Најнови вести