петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

После 23 години брак дознале дека се роднини – и останале заедно! Необичната приказна на познатиот пар и понатаму ја интригира јавноста

После 23 години брак дознале дека се роднини – и останале заедно! Необичната приказна на познатиот пар и понатаму ја интригира јавноста

Малку се во светот оние најуспешните љубови кои се вистински и долговечни, а само неколку можат да се пофалат со брак кој трае со децении.

Меѓу нив е и актерот Кевин Бејкон, миленик на женската публика, кој ја пронашол вистинската уште во осумдесетите.

Тој се вљубил во актерката Кира Сеџвик, со која се оженил во 1988 година, а овој септември парот ја прослави 34-годишнината. Како што истакна актерот во една прилика, Кира и нивното семејство се неговиот главен извор на сила во тешките моменти.

„Во периодот кога бев на дното ја запознав мојата сопруга. Кога се родија нашите деца се случуваа и убави работи. И можев да се издржувам, тоа ми даваше сила“, истакнал Бејкон во едно интервју.

Една година по венчавката, Кира и Кевин го добиле синот Травис, а во 1992 година на свет пристигнала и ќерката Соси Рут, која исто така се занимава со глума.

Иако не му било лесно на самиот почеток на љубовта, поддршката од Кира му дала сосема нова енергија и перспектива, а кратко потоа почнал и да работи.

„Таа е љубовта на мојот живот, веднаш го знаев тоа“, признал Кевин.

Меѓутоа, колку и да чувствувале дека се длабоко поврзани, тешко дека можеле да го очекуваат она што го дознале во 2011 година – дека се и роднини.

Имено, парот тогаш учествувал во емисијата „Во потрага по корените“, кога анализите покажале дека Кевин и Кира се роднини од деветтото колено. Кира тогаш тврдела дека тоа за неа сепак не е толку големо изненадување, како што некој би помислил.

„Гледаш? Знаев! Знаев! Знаев! Знаев!“, повторувала Кира тогаш.

„Знаев дека ќе бидам во крвно сродство со Кевин Бејкон. Мислам, повеќето белци се некако поврзани. Не сум изненадена, искрено. Претпоставував дека тоа беше причината зошто нас двајца нè тестираа, морав да се правам дека сум изненадена“.

Ова откритие не влијаело на нивниот брак и парот останал заедно, бидејќи, како што рекла Сеџвик: „Сè е добро додека не се најблиски роднини“.

Во истата емисија, Кевин дознал и дека е потомок на кралот Едвард први и дека Бред Пит му е далечен роднина, како и Барак Обама.

Тие продолжиле да ја живеат својата брачна идила, а Кира често истакнува дека не треба да се прашуваат познатите за тајната на нивната љубов. Таа има само два совети.

„Имајте чисти расправии и немајте односи со другите“ и „Моногамијата е јасна работа, како ‘спушти ја даската за ВЦ школката’“.

Најнови вести