Иако беше главна тема секој ден за време на бременоста, познатата пејачка Ријана реши да се повлече од јавноста откако на 13 мај 2022 година роди син чие име се уште не е познато.
Убавата пејачка сега за првпат е видена во јавноста по породувањето, а откриено е и каде се појавила пејачката и како изгледа 2 месеци по раѓањето на нејзиното дете.
Имено, Ријана неодамна се појави во Лондон и со своето присуство предизвика општо бунило меѓу фановите.
Таа заминала во британската престолнина бидејќи дошла да го поддржи својот партнер, раперот АСАП Роки, кој настапувал на фестивал во Лондон.
Rihanna right now at Wireless Festival! pic.twitter.com/NXwsqnNi4D
— Bonga (@Sweedish96) July 10, 2022