четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Посмртните останки на Бата Живојиновиќ ќе бидат преместени, синот открива каде ќе почива неговиот татко

Посмртните останки на Бата Живојиновиќ ќе бидат преместени, синот открива каде ќе почива неговиот татко

Синот на српскиот актер Велимир Бата Живојиновиќ, Миљко открива дека посмртните останки на неговиот татко ќе бидат преместени во Корачица каде ќе почива покрај својата сопруга.

-Бата и Лула заминаа во 2016 и 2019 година, но засекогаш останаа со нас. Јас и сестра ми Јелена тоа го чувствуваме иако живееме на различни страни на светот, изјавил Миљко.

Разговорот со него е воден во семејниот ден на Живојиновиќ каде Бата и Лула живееле целиот живот. Синот вели дека не се осмелил да го премести мебелот кои родителите со наместиле, за случајно некој спомен на нив да не исчезне.

Миљко планирал да го организира преместувањето на посмртните останки на починатиот татко од Алејата на заслужни граѓани во Корачица, но засега тоа е одложено поради короната.

-Сигурно ќе ги пренесеме посмртните останки на тато до Лула која Бата неизмено ја сакаше, штом ќе може да ги симнеме маските. Нема тоа да го правиме во овие услови, не би било достојно за неговиот живот и дело, нагласил синот.

Најнови вести