Актерката Кристин Дејвис деновиве е мета на критики поради бројните естетски корекции и подмладување на лицето, кои судејќи по изгледот на нејзиното лице не испаднале најдобро. Популарната Шарлот веќе не може ни да се смее, а и кога го прави тоа изгледа сосема неприродно, што го забележаа многу фанови на серијата „Сексот и градот“.
„Што направи Шарлот со лицето?“, „И баш така, Шарлот има ново лице“, „Порано беше природна убавица“, „Кристин Дејвис личи на Џокерот од Бетмен“, „Се прашувам колку платила за страшната пластична операција“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.
Инаку, Кристин уште во 2018 година во едно интервју изјави дека се плаши од игли, компликации и конечни резултати од естетската хирургија и не е склона да оди „под нож“ за да биде помлада или поубава. Таа неколку пати беше експлицитна за естетските корекции и истакна дека нема намера ништо да менува, туку природно да остари, што, судејќи според последните фотографии, не успеала да го постигне.