Учесничката во едно реално шоу, Милица Кемез имала тешко детство. Доживеала големо насилство во хранителското семејство каде со својата сестра требале да добијат родителска грижа и љубов. Во емотивно интервју открива дека на погребот на нејзиниот дедо, на надгробната плоча ја видела првата слика од својата мајка за која дотогаш не знаела ниту како изгледа.
-Кога почина дедо ми, кој јас и сестра ми го запознавме кратко пред неговата смрт, на погребот првпат ја видов сликата на мајка ми, до тој момент не знаев како таа изгледа. Жената од хранителското семејство кое ни беше доделено, ни велеше дека мајка не е таа која ќе те роди, туку онаа која ќе те чува, открива Милица.
Младата девојка истакнува дека со текот на времето односите станува се полоши со жената која требало да ги чува. Била малтретирана и тепана. Вели дека не знаеле од каде и се родителите, но ги знаеле нивните имиња. Фактот дека никој од поширокото семејство не ги побарало, како што посочува, болел повеќе од ќотекот кој го добивале од хранителката.
-Преку подалечни роднини дознавме дека мајката ни е почината веќе 10 години, а таткото во затвор. Во тој момент ми се сруши целиот свет. Сите прашања кои ги подготвуваш со години, повеќе не постојат, се е залудно. Тоа е дефект кој не се гледа, нешто што го носам целиот живот, открива Милица Кемез.