Актерката Шерон Стоун важи за една од најдобрите во Холивид, но и за една од најубавите жени во светот.
Иако зад себе има богата кариера, Шерон отворено проговори за тешките периоди кои ги имала признавајќи дека изгубила девет деца.
-Ние жените немаме простор за разговор за овие болни загуби. Тоа не е мала работа. Меѓутоа, приморани сме да мислиме дека тоа е нешто со кое треба сами да се носиме и дека тоа е некој вид неуспех. Загубив девет деца преку спонтани абортуси. Треба да го примиме преку потребното сочувство и емпатија кои толку ни требат во тие моменти, открива 64-годишната актерка.
Вели дека сепак тешките периоди не ја спречиле да се оствари како мајка, па посвоила три сина.