вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Потресни фотографии од поменот на познатиот српски актер и пејач: Мајката и таткото на Маринко скршени од болка, поминаа пет години…

Потресни фотографии од поменот на познатиот српски актер и пејач: Мајката и таткото на Маринко скршени од болка, поминаа пет години…
FOTO: PINK.RS/O. BOGDANOVIĆ

Денеска се навршуваат пет години од смртта на српскиот актер и пејач Маринко Маџгаљ кој почина по тешката борба со болеста.

Зад себе тој остави неутешно семејство, многубројни колеги и пријатели кои се уште не можат да поверуваат дека тој го нема.

Скршените негови мајка и татко денеска на неговиот гроб дојдоа за да запалат свеќа и остават цвеќе, а фотографите веднаш го забележаа тој момент.

Доказ дека тој не е заборавен е собирањето на неговите пријатели и колеги на неговото  вечно почивалиште денеска.

Маринко инаку беше роден 1978 година во Белград, популарноста ја стекнал како актер, а пееше и заедно со Огнен Амиџиќ во групата Фламингоси.

Зад себе остави ќерка, а последната година од животот ја помина со новинарката Лана Секулиќ.

FOTO: PINK.RS/O. BOGDANOVIĆ

Најнови вести