Хана Хуљиќ и Петар Грашо чекаат дете, пишуваат хрватските медиуми.
Хрватскиот пејач и неговата 14 години помлада девојка ќе станат родители, а среќната вест ја потврди Мартина Подгорски, ПР-менаџерката на Грашо.
– Информациите за бременоста на Хана Хуљиќ се точно. Семејството и пријателите се многу среќни. Како што знаете Хана и Петар и понатаму ќе се трудат, колку што е можно, да ја сочуваат својата интима подалеку од очите на јавноста. За венчавка, сѐ уште немаат планови, рекла Мартина Подгорски, пишува хрватски „24сата“.