недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Поважни им се автомобилите, него домот: Жељко и Јована во време на корона се подновија со вистински „ѕверови“ вредни брдо пари (ФОТО)

Поважни им се автомобилите, него домот: Жељко и Јована во време на корона се подновија со вистински „ѕверови“ вредни брдо пари (ФОТО)

Додека остатокот од естрадата се жали дека едвај сврзуваат крај со крај, пејачот Жељко Јоксимовиќ и водителката Јована купија два нови автомобили кои вредат цело богатство.

Имено парот беше уловен од страна на екипата на „Папарацо лов“ со новите автомобили.

Станува збор за автомобилот на Жељко од марката БМВ и најновиот модел 7 за кој искеширал повеќе од 130 илјади евра.

Покрај пејачот и водителката исто така вози БМВ, но џип и тоа Х7, а цената на овој нејзин миленик чини околу 120 илјади евра.

Инаку тие се познати во јавноста дека секогаш сакаат да бидат први што ќе возат скапи и нови автомобили, па така уште од минатото парот важел за еден од оние на кои поважни им се автомобилите, него домовите.

Најнови вести