Богатството на Тина Тарнер, рокенрол ѕвездата која почина оваа недела, проценето на околу 250 милиони долари, најверојатно ќе го наследи нејзиниот сопруг Ервин Бах.
Пејачката беше во брак со германскиот музички директор и продуцент 10 години. Тие се венчаа во 2013 година по повеќе од 26 години врска.
Тина Тарнер, рокенрол ѕвездата која беше на врвот на својата слава во 1980-тите, почина на 83-годишна возраст.
Во 2016 година и беше дијагностициран рак на дебелото црево, а во 2017 година и беше трансплантиран бубрег. Нејзиниот сопруг тогаш и го спасил животот со донирање на неговиот бубрег.