Жељко Митровиќ, сопственикот на ТВ ПИНК, денеска ја посети водителката Деа Ѓурѓевиќ во болница, каде таа е сместена после тешката сообраќајна несреќа во која беше откината нејзината рака.
Митровиќ го најави нејзиното враќање на малите екрани.
„Мојата Деица е се подобра и подобра, наскоро се враќа на работното место. Едвај ја убедив да не доаѓа во сабота на ТВ Пинк. Љубов наша„ напиша Жељко.
Гледачите беа шокирани од фактот што Деа брзо се враќа со оглед на тешката повреда.
Како што пишуваат српските медиуми водителката успешно се опоравува од операцијата.