Пејачката Рита Ора неодамна присуствуваше на еден настан, а вниманието на јавноста го привлече нејзиниот фустан од тантела…
Рита Ора на забавата на „Critics’ Choice Awards“ во Холивуд облече виолетова тоалета од тантела која повеќе откриваше отколку што покриваше, а како што можете да видите од фотографиите, долната облека и голите гради беа во преден план.
Пејачката го комплетираше својот изглед со впечатливи обетки и сребрена чанта, додека нејзиниот сакан Таика Ваитити избра „all in black“ комбинација.
Инаку, пејачката во последно време го привлекува вниманието на јавноста со смели модни избори, а овој е само еден во низата…