среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Повторно суспендиран твитер налогот на Канје Вест

Повторно суспендиран твитер налогот на Канје Вест

Твитер повторно го суспендираше профилот на американскиот рапер Канје Вест поради кршење на правилата на платформата за социјалните медиуми.

-Дадов се од себе. И покрај тоа, тој повторно го прекрши нашето правило против поттикнување насилство. Налогот ќе биде суспендиран, изјави сопственикот на Твитер, Илон Маск.

Пред да го суспендира профилот на Вест, Твитер го ограничи и бројот на неговите објави.

Во октомври популарниот рапер, кој законски го смени своето име во Је, начелно се согласи да ја купи социјалната мрежа Парлер, само неколку дена откако Твитер и Инстаграм му го суспендираа профилот поради неговите антисемитски коментари на социјалните мрежи.

Сепак, двете страни се согласија да го прекинат купувањето.

Најнови вести