Поранешната американска Плејбој зајачица Ешли Масаро била најдена онесвестена во нејзиниот дом, по што била пренесена во болница, каде докторите констатирале смрт.
За сега не се знае причината за смртта на 39-годишната Плејбој манекенка, која се занимаваше и со професионално борење.
-Жалиме за трагичната смрт на Ешло Масаро, објави американската боречка организација, која упати сочувство на нејзиното семејство.
Ешли почина на само десет дена пред нејзиниот 40-ти роденден. Таа е мајка на 18-годишната Алексис. Освен како борач и зајачица, учествуваше и во реалити шоуто „Survivor”.