Легендарниот актер Џејмс Кан кој се прослави со улогата во филмот „Кум“ почина во 82 година од животот, а сега е откриена и причината за смртта.
Како што наведува ТМЗ, актерот починал како последица од срцев удар и коронарна артериска болест. ТМЗ на увид ги добиле документите во кои се наведува дека тој боледувал од опструктивна белодробна болест.
Кан почина на 6 јули. Популарноста ја стекна во 1972 година, а беше номиниран за Оскар во категоријата најдобра споредна машка улога, како и за Златен Глобус.