среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Позната причината за смртта на Арон Картер

Позната причината за смртта на Арон Картер

Минатата година во месец ноември јавноста беше шокирана од смртта на младиот музичар Арон Картер кој уште е познат како помалиот брат на Ник Картер од „Бекстрит бојс“.

Сега во американските медиуми е откриена и причината за смртта според резултатите од обдукцијата.

-Картер починал од давење и ефектите на дифлуороетан, запалив гас кој често се користи како погонско гориво во лименки со компримиран воздух и алпразолам, генеричка форма на ксанакс, се вели во копијата од извештајот од неговата обдукција, известува „Пејџ сикс“.

Картер беше пронајден мртов на 5-ти ноември во када во неговиот дом во Ланкастер, Калифорнија. Имаше 34 години.

Домашната помошничка на Картер го открила неговото тело. Џејн Картер, мајката на Картер, претходно не верувала дека нејзиниот син починал од случајно предозирање. Таа сакала дополнително сè да се истражи.

Најнови вести