Џози Херис, долгогодишната партнерка и мајка на три деца на Флојд Мејведер, починала од ненамерно предозирање со медикаменти, тврдат американските медиуми.
Херис беше пронајдена мртва во автомобилот пред нејзиниот дом во Калифорнија во март. Таа имаше само 40 години.
По ова, шампионот во пет тежински категории изјави дека е потресен од трагедијата, по која имаше уште еден смртен случај, на неговиот чичко и поранешен тренер, Роџер Мејведер на 58 години.
Според „ТМЗ“, трагедијата на Херис се случија поради случајно предоирање на „Rx“, медикаменти кои таа ги земала со рецепт.