Вчера во Загреб почина познатиот пејач Масимо Савиќ.
Савиќ почина во болницата каде се лекуваше од рак на белите дробови, пишува Јутарњи лист.
Популарниот хрватски пејач Масимо Савиќ почина во Загреб на 60-годишна возраст.
Масимо е роден на 6 јуни 1962 година во Пула, а завршил гимназија во Загреб, каде ја започнал својата музичка кариера. Во 1983 година, како водач на легендарната њу вејв / синт-поп група Доријан Греј, го издава својот прв албум – Sjaj u tami , а две години подоцна и вториот албум For Your Eyes.
Веста за смртта на познатиот пејач на социјалните мрежи ја споделија неговата сопруга Ени и ќерката Мирна.
-Нашиот татко, сопруг, гордост и љубов, Масимо Савиќ не’ напушти по кратка, но херојска борба. Иако замина од својот свет, во нашите души ќе живее вечно: насмеан, топол, силен, полн со љубов и уметност. Засекогаш ќе бидеме твоите девојки, стои во објавата на официјалните страни на социјалните мрежи на пејачот напишана од сопругата Ена и ќерката Мирна.