Во медиумите често се зборува дека единствената песна на Здравко Чолиќ која е посветена на вистинска личност е „Една зима со Кристина“. Песната е напишана за Кристина Ковач.
Но познатата водителка Рушка Јакиќ тврди дека Здравко и за неа има посветено еден од своите хитови.
-Здравко Чолиќ ми ја посвети познатата песна „Ружице, Ружо, Рушка“. Тоа го кажа и самиот во емисија во која заедно гостувавме. Тоа што е смешно е дека Марина Туцаковиќ го напиша текстот, а Бата Ковач ја напиша композицијата, па не е јасно дали Марина ми посветила текст или Бата направил музика за мене, изјави Рушка.