Како изгледа другата страна на гламурот, покажа актерката Селма Хаек на Инстаграм. Познатата актерка блескаше на доделувањето на Оскарите и на приемот „Венити фер“ во Лос Анџелес, а кога се вратила дома, брзо се упатила кон кујната, како што прават многумина по некоја гламурозна забава или ноќно излегување.
„Среќна што продолжуваме со гламурот, но прво најважното“, напишала Селма Хаек во опис на видеото што издоминира на Инстаграм, а го снимила нејзината ќерка Валентина (15), која пак вели: „Очекувањата наспроти реалноста“.
По повод видеото се огласи и актерот Антонио Бандерас, кого Селма слатко го насмеала. Актерката се сретна со својот колега на Оскарите, тоа беше интересно „дежа ву“ на филмот „Десперадо“ на Роберт Родригез од 1995 година, во кој тие ги играа главните улоги.
А, дека на ѕвездите им е потребен добар залак на холивудските настани покажа и манекенката Џиџи Хадид, која на забавата на „Венити фер“ посегна по брзата храна.
Потребно е да се издржат сите тие часови позирање, танцување и муабетење…