Глумицата Лори Локлин вчера беше пуштена од затвор, откако ја отслужи казната за учество во незаконското потплатување на Универзитетот на Јужна Калифорнија во врска со школувањето на нејзините ќерки.
– Лори Локлин е ослободена од Федералните поправни установи во Даблин, Калифорнија, на 28 декември 2020 година. Таа не е повеќе под надлежност на Бирото за затвори, изјави потпаролката на институцијата, Сели Сварт.
По едногодишниот судски процес, Лори Локлин и нејзиниот сопруг Мосимо Џанули признаа дека се виновни. Притоа, таа доби само два месеца казна затвор и се пријави за отслужување на казната на 30 октомври. Џанули сѐ уште ја отслужува казната
Дел од обвинението беше насочено и кон глумицата од „Очајни домаќинки“ – Фелисити Хофман, но таа своите две седмици ги отслужи лани.