недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Познатата актерка ја дочекаа на нож па мораше да им се извини на фановите: Нејзиното позирање на гробишта го шокираше светот (ВИДЕО)

Познатата актерка ја дочекаа на нож па мораше да им се извини на фановите: Нејзиното позирање на гробишта го шокираше светот (ВИДЕО)

Познатата актерка Кетрин Хајгл го шокираше светот позирајќи на гробиштата во Бафало, по што на интернет брутално ја искритикуваа. Познатата актерка сега се извини поради овој потег.

Имено, Хајгл ги посети гробовите на своите дедо и баба во Бафало, како и братот кој настрадал во несреќа, кога одлучи да се фотографија и на гробовите на непознати луѓе со „духовити“ пораки.

Позирајќи на гроб, Кетрин широко се насмевна и напиша „малку трачарам со девојките“, мислејќи на мермерните ангели кои ожалестената фамилија ги поставила на споменикот.

Го сликала и својот маж на гробот на лице што се презива како и тој, а фановите ја дочекаа на нож.

-Ги избришав фотографиите зошто голем број фанови му напишаа дека се невкусни и безчуствителни. Посетувањето гробови на саканите луѓе никогаш не е лесно, и само сакав малку да ја развеселам целата атмосфера. Не сфатив дека е непристојно се додека не ми го свртевте вниманието, и поради тоа се извинувам, рече актерката, позната по улогата на докторката Изи Стивенс во првите сезони од популарнат ТВ серијата „Вовед во анатомија“.

Најнови вести