Веста за смртта на водителот Драган Вучиќ ја потресе македонската јавност.Неговите колеги, блиски пријатели веќе почнаа да се простуваат од него на социјалните мрежи споделувајќи заеднички фотографии и емотивни пораки.
Македонската пејачка Еелена Велевска објави фотографија со водителот во чиј опис напиша порака во која му се заблгодарува за се што направил за неа.
-Другар…Ми помогна кога започнував, беше првиот кој ми даде шанса и со тебе го заработив првиот хонорар. Беше и ќе останеш голем човек, човек кој несебично беше до мене кога најмногу требаше. Среќна сум што те познавав. Остави многу, за тебе твоите дела ќе зборуваат…А, нашиот последен разговор? Септември нешто ново, м? Ти благодарам за се! Почивај во мир – напиша Велевска.