петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Познатата манекенка 25 години ја криеше вистината за својот изглед

Тајра Бенкс во новата книга признала дека нејзиниот изглед не е сосема природен бидејќи на почетокот од кариерата го оперирала носот.
Познатата манекенка 25 години ја криеше вистината за својот изглед

Поранешниот супермодел Тајра Бенкс во новата книга „Перфектното е досадно“ открила еден детаљ за својата убавина, кој успешно го криела повеќе од 25 години.

Таа признала дека нејзиниот изглед не е сосема природен како што многумина со години мислеа, бидејќи на почетокот од својата кариера извршила корекција на носот.

-Имав коски во носот кои ми пречеа и ми создаваа проблеми, и признавам, бев да го оперирам носот. Не можев да дишам и тоа го средив, а кога веќе бев на истата операција го намалив и носот. Имам и лажна коса. Еве, признавам, вели Тајра за „Пипл“.

Екс моделката вели дека натписите дека ги зголемила градите се лажни. Бенкс демантира и дека одела на третмани за подмладување, но не ги осудува жените кои тоа го прават

Тајра (44) својата кариера како манекенка ја започна кога имаше 15 години.

Најнови вести