Познатата австралиска манекенка Ел Мекфирсон имаше мал инцидент додека се симнуваше од бина, каде го најавуваше Виенскиот бал.
Убавата Ел шармантно и се заблагодаруваше на публиката, но симнувањето по скалите не помина како што мислеше. Во еден момент се сопна и падна, а соработниците и помогнаа бргу да се исправи.
Иако во прв момент била нервозна и им рекла на снимателите да ги изгаснат камерите, по неколку минути се насмеала и им дофрлила дека се е во ред, на што добила аплауз од присутните.
„Толку блицеви имаше околу мене што не можев да видам каде одам. Би било добро да ни дадете малку простор“, изјави манекенката.