Поминаа 12 години од смртта на пејачот Нино Решиќ, но деталите од неговиот контровезен живот поврзани со неговото семејство и понатаму се мета на медиумите, а по тој повод уште еднаш се огласи неговата ќерка Сандра Решиќ.
За потсетување таа три години по ред учествуваше во „Ѕвездите на гранд“ за во 2018 година влезе во големото финале по што започна да снима и свои песни и да настапува ширум регионот.
– Тој не може на мир да оди на другиот свет и после 12 години од разно разни измислици и сите мислат дека јас сум некоја вештерка која се продава преку името на својот татко, а никој во животот не ме прашал ниту едно прашање поврзано за него, неговата смрт, погреб, низ солзи раскажала Сандра за српски Ексклузив.
Таа додава дека истиот момент кога ќе биде фотографирана на гробот на својот татко ќе престане да се занимава со естрада и ќе работи во рудник.
-Најмногу ме потресе веста дека ќерките не му подигнале гроб на татко им. Не, ние подигнавме негов гроб, но други се потпишаа, раскажува младата пејачка.
Таа додава дека сега тој и фалел најмногу на светот и да го прашала „Што сега да правам?“
-Од страната на татко ми сум во добри односи со најстарата сестра Амела која живее во Америка. Таа го подигна споменикот на нашиот татко, со најмладата сестра не сум во добри односи бидејќи таа и нејзината мајка никогаш не сакале да комуницираат со мене и мојата сестра, раскажуваа таа присетувајќи се на легендарниот пејач.