четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Познатата пејачка заврши во болница, обожавателите се молат

Познатата пејачка заврши во болница, обожавателите се молат

Во светските медиуми вчера одекна веста дека пејачката Деми Ловато (25) е итно хоспитализирана.

Како што јавуваат медиумите, Ловато се предозирала, а докторите се бореле за нејзиниот живот.

Најпрво лекарската екипа која пристигнала во нејзиниот дом и дала дел Налоксон кој го поништува ефектот на предозирање, а откако била однесена во болница во Лос Анџелес докторите успеале да и ја стабилизираат состојбата.

Нејзиниот портпарол подоцна дал и куса изјава за Би-Би-Си.

-Деми е будна и е со нејзиното семејство кое изразува благодарност до сите за љубовта, молитвите и поддршката. Некои од објавените информации во медиумите не се точно и семејството замолува за приватност во овие моменти, вели портпаролот на пејачката.

Деми Ловато со години се бореше со пороците, но тврдеше дека веќе подолго време не конзумира дрога и алкохол.

Најнови вести