Водителката и уредничка на серија забавни емисии Слаѓана Славковиќ објави дека чека дете на 47 години.
Таа на својот Инстаграм профил сподели фотографија и покажа како изгледа во 9от месец од бременоста, а во описот го откри и полот на детето.
– Мајка и син, девет месеци бремена – напиша Славковиќ.
– Порано бев застапник на теоријата „Никогаш нема да се омажам и хартијата ништо не значи“, но како и многупати досега животот ме демантираше. Секако дека се омажив веднаш штом сфатив дека сакам семејство. Новиот член пристигнува многу брзо и сите со нетрпение го очекуваме – изјави Слаѓа за Телеграф Џетсет.
Славковиќ еднаш изјави дека никогаш нема да го открие името на нејзиниот партнер бидејќи, како што тогаш истакна, тоа е променлива категорија:
– Среќна сум во љубовта, но само тоа ќе го кажам. Како млад новинар, во едно интервју го спомнав мојот долгогодишен дечко во тоа време, а подоцна, кога раскинавме, сите постојано ме прашуваа за него. Научив дека, како што вели еден мој пријател, се што може да се промени во животот не треба да се споменува во медиумите – објаснува Славковиќ, кој тврди дека е голем противник на бракот.