Актерот Џејми Фокс и актерката Кејти Холмс ја прекинаа петгодишната врска и ја откажаа венчавката, а наводно Кејт не можела да прости неверство.
Парот е во врска од 2013. Година, но јавноста за тоа дозна дури минатата есел, кога ги снимија папараци во Малибу. Мирор наведува дека изгледа оти Кејт раскинала бидејќи не можела на Џејми да му прости неверство.
Медиумите и претходно пишуваа за криза во нивната врска, кога Кејт била забележана со поранешното момче Џошуа Џексон.
Извор близок до парот вели дека Кејт била тажна поради тоа што иако медиумите дознале за нивната врска, Џејми се уште инсистирал да се кријат од јавноста.
Причината зошто тие ја криеја врската е бизарна. Кејти по разводот со Том Круз во 2012. година со него договорила оти пет години нема да се појави во јавност со друг маж.