Пејачот Милош Бојаниќ минатата година вложил 150.000 евра во својата куќа, а сега решил да смени се, од подот до плафонот, што го чинело дополнителни 50.000 евра.
Тој повторно ја реновира вилата на црногорското приморје.
Имено, Бојаниќ, според зборовите на соседите во Црна Гора, искеширал дополнителни 50.000 евра за завршните градежни работи за неговата величествена куќа на море да изгледа што полуксузно.
-Милош го посети градилиштето во зима. Иако најголемиот дел од работата го заврши минатото лето, му останаа уште неколку последни парчиња. Сменил сè – од покривот до подовите. Нова столарија, фасада, се. Како што слушнав, претходно вложил околу 150.000 евра, а за ова што е сега направено сигурно му требале уште педесет илјади, вели еден од соседите.