Кога во 1989-та година се појави спотот за песната „Wicked Game” на Крис Ајзак, со разголената Хелен Кристенс во главна улога, светот се вљуби во неа.
Овој спот многумина го сметаат за најсексапилно видео на сите времиња, а Ајзак токму за ова видео освои три „Ем-ти-ви“ награди.
Додека Ајзак остана на нивото на „чудо од еден хит“ и набрзо исчезна од сцената, Хелен стана една од најуспешните и најплатените светски манекенки.
Од спотот кој е сниман на Хаваи поминаа 29 години, а Хелен се уште привлекува големо внимание каде и да се појави.