Само пет дена откако ја сподели со јавноста веста дека е бремена, пејачката Лејла Хот се породи.
-Добродојде кај нас, трошко наша шарена. Можеше и малку помалку спектакуларно, но во ред, ти го повлече тоа на мама! – напиша Лејла Хот на социјалните мрежи, со фотографија од бебето.
Нешто околу раѓањето, како што кажа мајката, било спектакуларно. Дали бебето порано дошло на свет не е познато.
Публиката ја памети Лејла Хот по учеството на бројни фестивали и музички талент шоуа, а низ годините беше посветена на синхронизацијата на анимирани филмови.