Хрватската водителка Николина Пишек со една фотографија предизвика лавина на коментари на социјалните мрежи.
Имено таа замина на летување заедно со наследничката на која преку фотографија на Инстаграм и посвети нежни зборови.
„Најдрагоцениот накит кој ќе го имате околу вратот се рацете на вашата ќерка. И никој баш никој не знае да ги избрише солзите и да ви нацрта насмевка на лицето толку добро како мама…“, напишаводителката.
View this post on Instagram
По ова таа предизвика лавина на коментари, а дел од нив се и дека таа има прекрасна ќерка.
-Прекрасно девојче, тоа е воздухот кој го дише поради тебе, се само дел од коментарите.
Инаку за потсетување, Пишек по трагедијата и загубата на сопругот потполно се посвети на реновирање на вилата во Загреб, а прави и планови за зградата во Белград која е во сопственост на нејзиниот свекор, Миша Гроф.