Водителката Ирена Спировска ужива во емотивната врска со нејзиниот партнер Душко Исајловски.
Кога станува збор за нејзиниот приватен живот, Ирена е резервирана, па не секогаш открива детали и не сака својата интима да ја експонира во јавност.
Познато е дека Спировска е активна во планинарењето, па често знае да сподели фотографии од некоја планинарска тура, или пак да позира од студиото на Алфа телевизија.
Ирена и Душко уживаат во својата љубов, а природата е теренот каде најмногу се чувствуваат свои и водителката често знае да покаже како уживаат во некоја природна убавина.
Меѓутоа, тука се објавите и од некој настан, во кои изгледаат елегантно, одмено, со стил…
Имено, Ирена на својот Инстаграм објави една фотографија од едно јавно случување, а таа позира во сив долг фустан со поширок долен дел, додека нејзиниот партнер позира во елегантен костум.
Вака скроени еден покрај друг изгледаат како пар од турска серија. Следбениците не престанаа да коментираат под објавата.
„Прекрасна двојка сте“, „Најубави сте, поздрав“, „Кралски пар“, „ Прекрасно за очи и душа. Со стил!“’, се само некои од коментарите кои може да се најдат под објавата.
ТАГОВИ: