Повеќе од десетлетие по прераната смрт на Витни Хјустон, биографскиот филм „I Wanna Dance With Somebody“ ќе ја раскаже нејзината животна приказна на големото платно.
Продукцијата е на „Сони“, а главни продуценти се снаата на пејачката, Патриша Хјустон, како и нејзиниот ментор, Клајв Дејвис. Тие го претставија новиот трејлер вчера. Во главната улога е младата и надежна Наоми Аки, Дејвис го глуми Стенли Тучи, а нејзиниот насилен сопруг Боби Браун го толкува Ештон Сандерс.
Сценариото е на Ентони Мекартен, кој го потпиша и биографскиот филм за Фреди Меркјури од 2018 година – „Боемска рапсодија“. Режисер е Каси Лемонс.
Премиерата на филмот е закажана на 21 декември 2022 година.