Џулија Робертс ја објави првата порака на социјалните мрежи преку Инстаграм.
Американската актерка Џулија Робертс отвори профил на Инстаграм и ја објави својата прва порака преку социјалните мрежи. Ѕвездата на филомт „Згодна жена“ ја објави својата слика како седи на трева во шорцеви и црна маичка со натпис „Love“. Под сликата напиша „Hello“. 50-годишната Оскаровка нема налог ниту на Твитер, ниту на Фејсбук.
На фотографијата таа досега собра нешто помалку од 270 илјади лајкови