Супермоделот Кендис Свонпул по втор пат стана мајка. Русокосиот ангел најпознат по „Викторија сикрет“ и нејзиниот шест години постар вереник, моделот Ерман Николи го добија вториот син.
Сексапилната манекенка се породи во вторникот наутро и тоа дома, после што на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографија со штотуку роденото бебе и им заблагодари на фановите на честитките.
-Нашиот мал човек на свет стигна ова утро и посовршено од ова не може да биде, напиша Кендис.
Инаку, Кендис и Херман во октомври 2016. година го добија првиот син, и му го дадоа името Анака.