петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Презентерот на временска прогноза на „Сител“ „ги подбра“ инфлуенсерките, а индиректно и колешката на која и е и „личен асистент“: Кој го „исфрустрира до бола“ Спасе – Рола? (ФОТО)

Презентерот на временска прогноза на „Сител“ „ги подбра“ инфлуенсерките, а индиректно и колешката на која и е и „личен асистент“: Кој го „исфрустрира до бола“ Спасе – Рола? (ФОТО)

Светот се повеќе почна да живее виртуелно. Социјалните мрежи оддамна станаа „главно корзо“ за средби со познати  и непознати пријатели, место за размена на се’ и сешто, па на нив по цел ден освен што „киснат“ обичните смртници, свое поле за делување и заработка си најдоа и разни старо-новокомпонирани професии. Нетот врие од разни инфлуенсерки, блогерки, фитнес тренери, мотивациони говорници,модели, нутриционисти, лажни патриоти, пучисти, пацифисти… Што ти нема и што не ќе видиш. Доволно е само да се „закачиш“ и… светот е твој. Чат – пат реалниот, многу повеќе оној виртуелниот, на „шарени лажги со опашки“!

Спасе Јовановски многумина од вас го знаат од ТВ екраните. За оние, помалку упатените, момчето е еден од презентерите на временската прогноза на ТВ „Сител“. Го наследи „дедо Трајко“ на функцијата појаснувач на тоа каква била денес, а каква ќе биде утре и во наредните неколку дена, временската состојба во Европа, регионот и кај нас.

Спасе во телевизиско-естрадните кругови  инаку е познат уште по две нешта: прекарот и втората функција. Имено, Спасе уште го знаат и како Спасе -„Рола“, или „Рола до бола“, прекар кој  веројатно самиот си го дал себе си. Или барем така јавно тврди токму на социјалните мрежи, поточно на својот Фејсбук профил.

Од друга страна, покрај презентирањето на времето, „Рола – Weatherman“ е познат и како ПР администратор на официјалната страница на Лила Филиповска, за чиј близок пријател и важи, а неофицијално важи и за нејзин „личен асистент“!

На Спасе -„Рола“ очигледно погоре споменатите „структури“ на социјалните мрежи му дошле преку глава, па реши да распали од сите оружја по нив. И тоа со нивното оружје – разорен статус на својот Фејсбук профил, во кој „Рола“  дебело „ги заплеска“, како што вели,  самопрогласените фул-тајм инфлуенсерки, блогерки, фитнес тренери, мотивациони говорници,модели, нутриционисти… :

„Ми се иде да упишам забрзан курс по информатика отсек ХАКИРАЊЕ!
Па фино лепо, еден убав ден да седнам и тоа профилите на сите САМОПРОГЛАСЕНИ ФУЛ ТАЈМ инфлуенсерки, блогерки, фитнес тренери, мотивациони говорници,модели, нутриционисти…
Се тоа да почистам ко “V for Vendetta”.
Па здосадивте веќе и БОГУ И НАРОДУ со тоа како сте сите совршени, како јадете само бифтеци, морски чуда, мачкате крем од свежа сирена, на леб печен на Египетско сонце, се полевате со шампањи, продавате муда за бубрези и сето тоа на оваа педа земја, на овој напатен народ, кој мисли дека ете така ФЕЈКЕРСКИ треба да се оди кроз животот.
А пустите тие, кои вие ги викате ФАНОВИ не знаат дека немате сигурен кров над глава, возите кола на лизинг, до гуша сте со кредити, МОЛИТЕ за да јадете на компензација по ресторани, затоа што за тие специјалитети немате доволно финансии. Купувате фејк гардероба во која пресмешно изгледате…
Без срам, купувате фоловерси, лајкови… ПА ВЕ ЛАЈКААТ КИНЕЗИ И ИНДИЈЦИ.
Абе, ви кажал некој дека сте повеќе од провидни? Не научивте да живеете за себе а не за другите! Па бидете барем еднаш во тој вашиот пуст ФЕЈКЕРСКИ ЖИВОТ реални! Вашиот живот драги мои мизерни за жал не е инстаграм! Вашиот живот кој што го пласирате е инстаСРАМ! А се’ што е инстант, низ историјата се покажа како и каде завршува.

ПС: Ако некој се пронајде во статусот, одма да ми пише пошо многу се засеЌирав“ –  завршува со „рафалната стрелба“ со зборови, Спасе – „Рола“.

И  не дека не е во право. Само има еден проблем… А можеби се – два?!
Како прво, кој е мотивот, што толку го изнервира, за  вака жестоко да изреагира? Дали на Спасе му пречи „конкуренцијата“  на неговата „пријателка“ на која „лично и асистира“, па онлајн бизнисот не оди како што одеше, зашто другите „лапаат“ баеги големо парче од „инфлуенсерскиот колач“,  па од „се’ или нешто“  за рекламирање на Инстаграм,  останува само по нешто?

Или можеби на „временскиот“ презентер му здодеа улогата „момaк на стенбај“, па Спасе – „Рола“ „исфрустриран до бола“, реши директно да распали по се’ живо, а индиректно и по  неговата „работодавачка“?

Инстаграм измама, или ИнстаСРАМ, како што „Рола“ вели, оставаме на него да се сеЌира… Пред да реши да хаЌира!
Впрочем, не случајно се пишал за „Public Relations Officer at… Лила Филиповска“ – најголемата и најпозната меѓу македонските инфлуенсерски ведети на Инстаграм.

Најнови вести