Пејачот Милош Бојаниќ престојува на црногорското приморје, каде летово одмара со сопругата Бранка и внуците во заедничката вила покрај море.
Бојаниќ си ја отвори душата, зборуваше за злобната болест со која се бореше, ракот на кожата и ја откри својата моментална здравствена состојба.
-Луѓето не знаат за што се работи, ги читаат насловите и мислат што е сега. А за ракот, јас и Бранка зготвивме еден од два килограми и го изедовме. Само што ги немавме тие специјални клешти. Фала му на Бога, преживеав, изјави Милош.
Операцијата на туморот е долго зад него и тој не сака ни да се сеќава на тој период. Сепак, тој отворено зборува за ракот.
-Тоа беше мала бенка која беше малигна, лекарите ја отстранија. За тоа се пишуваше, сето тоа јавно го кажав, покажав слики, бидејќи никогаш ништо не криев. На сите им посакувам здравје како моето, мојата кондиција и мојот начин на живот. Никој ништо не ми може, како што вели колегата Митар Мириќ, посилен сум од судбината. Единствениот кој е посилен од мене е милиот Бог кој ме чува, нагласува Бојаниќ.