Принцезата Латифа се најде во центарот на вниманието минатата година откако Би-Би-Си објави видео во кое таа тврди дека била затворена и малтретирана, по неуспешниот обид за бегство кога имала само 16 години.
Таа на видеото го обвини нејзиниот татко и уште неколку роднини дека извршиле насилство врз неа.
Во медиумите денеска се појави фотографија од принцезата со високиот комесар на ОН за човекови права Мишел Балше. Во изјава за Скај Њуз, Латифа рече дека сега живее како што сака.